Ване Лесноски е името на прилепчанецот кој е хит во регионот откако освои фантастична добивка од над половина милион евра. Тој во разговор за МИА обелодени детали од следењето на последниот натпревар од своите тикети, пресметката меѓу Севилја и Манчестер јунајтед на која чекал „црвените ѓаволи“ да не претрпат пораз, па за рекордната добивка негов херој е голманот Давид де Хеа.
„Синоќа кога го чекав резултатот од последниот натпревар во Лигата на шампионите Севиља – Манчестер Јунајтед се тресев во исчекување. Секоја секунда беше голема неизвесност, голема возбуда. Навидум бев мирен. Се трудев да бидам мирен, да ги држам чувствата под контрола. Ми беше како во магла, ама кога го слушнав резултатот, занемев. Опасно е ако не ги контролираш чувствата. Ова не се случува секој ден. Сега, по 12-ина часа уморен сум, исцрпен, ама има време, ќе се одморам“ – изјави среќниот добитник Ване Лесноски за МИА, додавајќи дека поради правила на обложувалницата морал да ги ротира средбите бидејќи не се дозволуваат идентични тикети, но за негова среќа сите натпревари завршиле токму онака како што ги типувал.
Воедно, тој открива дека пред околу една година исто така имал огромна добивка.
„Често се обидував да стигнам до голема добивка, со поситни уплати. Си велев, ако „падне, нека падне“. Лани, точно ова време (2 март) погодив 25.000 евра. Тоа ми беше најголемата добивка, ама оваа е неспоредлива со ништо. Очигледно овој период од годината ми е среќен“ – вели Лесноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА