Британскиот боксер Скот Вестгарт почина утрово во болница, откако му се слошило во саботата веднаш откако остварил триумф на својот меч. 31-годишниот боксер пред два дена оствари важна победа во кариерата против Дек Спелман, во борба во која беше аутсајдер и се здоби со статус на можен предизвикувач во полутешка категорија.
Вестгарт по борбата имал разговори со новинарите давајќи изјави по мечот, но набрзо потоа му се слошило и итно бил пренесен во болница. Тој денеска ја загубил животната битка во болницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА