Хрватска го менува селекторот: Скелин победи, па доби отказ

Хрватска триумфираше на последниот квалификациски меч со Холандија со 82-78, но овој триумф не го спаси Ивица Скелин, кому му беше врачен отказ од селекторската функција. Овој стратег не ги оправда очекувањата откако на клупата го наследи Ацо Петровиќ, на првите четири средби од квалификациите за СП 2019 забележа само една победа, а „коцкестите“ моментно се последни во групата, зад Италија, Романија и Холандија.

„Има многу поважни работи во хрватската кошарка, бидејќи селекторот не е тој што дава кошеви. Дали ќе се пласираме на СП? Тоа ќе морате да го прашатее оној кој ќе биде нов тренер. Јасс имав свои грешки, некоја поинаква визија. Една од грешките ми беше што не го повикав Хрвое Периќ за првите квалификациски натпревари. Освен тоа, мислам дека можеби сите заедно го преценивме квалитетот на играчите кои ги имавме на располагање“ – изјави Скелин.

Како клучен сепак се покажа поразот на домашен терен од Романија, предводена од Заре Марковски.
„Скелин самиот се смени со поразот од Романија“ – кратко изјави Стојко Вранковиќ, претседател на Кошаркарската Федерација на Хрватска.

Се вчитува...