Вардар одигра со половина сили, но на крај сепак, успеа да направи пресврт и да слави победа против ППД Загреб (24-25) во дербито од регионалната СЕХА лига. Тренерот Раул Гонзалес имаше причина да биде задоволен од крајниот исхот во Загреб, пред дуелот против Висла Плоцк што ги очекува вардарци в недела во Скопје.
„Првото полувреме не беше добро како што требаше, но во второто полувреме успеавме да ја засилиме одбраната и да победиме. Важна победа, одлично за нашата самодоверба пред важниот натпревар во Лигата на шампионите што не очекува следниот викенд“ – истакна Раул Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА