Барселона ја продолжува доминацијата и победничката серија во АСОБАЛ лигата. На гостувањето против Бенидорм, каталонскиот тим славеше со 20-30 и ја запиша 19 победа во шпанското првенство во кое е неприкосновен на лидерската позиција.
Домашниот тим настојуваше да пружи достоен отпор на фаворитот и во првото полувреме се одржуваше на пристојна негатива. Тимот на Чави Пасквал по првите 30 минути имаше само два гола предност (10-12). Но, во вториот дел работите брзо си дојдоа на свое место. Барселона го засили темпото и брзо се одлепи на сигурна позитива обезбедувајќи уште една убедлива победа.
Борко Ристовски беше на голот на Барселона едно полувреме и запиша пет одбрани, а шест одбрани имаше Гонзало Перез де Варгас. Најефикасен во каталонскиот тим беше Аитор Арињо со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА