Никола Ѓоргиев беше во главна улога на синоќешниот дуел меѓу ОНИКО Варшава и Завиерце, што неговиот тим по голема битка го доби со 3-2 во сетови.
Откако ОНИКО славеше со убедлив 25-14 во првиот сет, гостите изненадија правејќи пресврт за водство од 1-2. Сепак, предводени од Ѓоргиев домашните одбојкари се вратија, ги добија следните два сета со 25-23 и 15-8 и стигнаа до бодови со кои се искачија на третото место на табелата.
Капитенот на македонската репрезентација одигра одличен меч реализирајќи 21 поен (20 во напад, еден блок), уште еднаш потврдувајќи дека е клучен играч во таборот на ОНИКО.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА