Боксерот Флојд Мејведер долги години беше еден од најплатените спортисти во светот, но се чини дека не е мирен откако замина во пензија. Тој се наоѓа пред банкрот, иако низ текот на боксерската кариера заработи повеќе од една милијарда американски долари. Но, не е важно колку заработил, туку колку пари му останале.
Дека има големи проблеми со финансиите се откри уште минатата година, кога се појавија информации дека има големи долгови кон државата затоа што нема платено данок, но, сепак, успеа да се нагоди и долгот да го плаќа на рати. Сега би можел повторно да се врати во рингот, барем на еден меч, за да се извлече од тепката финансиска ситуација.
„Флојд не е многу паметен, а ниту екипата околу него. Не е важно колку пари си имал, туку колку си задржал. Флојд повторно ќе боксува. Ќе се врати за еден меч“, откри аналитичарот на боксерските мечеви, Шаел Сонен.
Флојд Мејведер ја заврши кариерата со совршен ефект од 50 победи и ниту еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА