Италија сака да биде домаќин на ЗОИ 2026, Торино и Милано ќе бидат тандем

Италијанските градови Торино и Милано ќе бидат заеднички кандидати за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година. Тие ќе испратат писмо со намери и комплетен план до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Досегашната пракса на ЗОИ е еден град да биде домаќин, но новиот процес овозможува натпреварите да бидат распоредени во повеќе области, а Игрите сепак да го носат името на само еден град. По ова, ИОК ќе одлучи кој од градовите ќе биде официјален домаќин на Игрите.

Се вчитува...