Поранешниот македонски селектор, Звонко Шундовски, се враќа на клупата на Констанца и ја проширува македонската колонија во романскиот клуб во кој спортски директор е поранешниот македонски репрезентативец, Бранислав Ангеловски, а во составот се Никола Митревски и Велко Марковски.
Шундовски прв пат ја предводеше Констанца во периодот од 2012 до 2015 година, по повлекувањето од селекторската функција во репрезентацијата на Македонија со која го постигна исторскиот успех, петтото место на ЕП 2012 во Србија. Со Констанца, Шундовски ги постигна најголемите успеси во историјата на клубот, стана шампион на Романија, ги обедини трите титули и избори пласман на Ф4 турнирот во ЕХФ Купот, а овие резултати му го донесоа и признанието тренер на годината во Романија.
Поради финансиските проблеми во клубот, во 2015 година, Шундовски се пресели на клупата на ЧСМ Букурешт, а оттаму минатата, а потоа половина година беше селектор на репрезентацијата на Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА