Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров ја продолжи соработката со скандинавскиот спортски бренд „Хумел“, потпишувајќи нов договор со важност до 2023 година. Лазаров, кој од 2008 година е заштитно лице на овој спортски бренд, и по завршувањето на играчката кариера ќе продолжи да соработува со „Хумел“, компанија која што го следи низ поголемиот дел од сезоната.
Специјално дизајнирани патики со името на нашиот репрезентативен капитен веќе се изработени и на крајот на мај ќе почнат да се продаваат низ цела Европа. Данскиот бренд е тесно поврзан со ракометот и најдобрите светски ракометари веќе децении наназад, а Лазаров како дел од светската ракометна елита оправдано е дел од ова одбрано друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА