Најмалку еден македонски ракометар ќе биде дел од финалето во Купот на Македонија, откако Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше на полуфиналето против Магдебург со резултат 31-24. Талески и соиграчите целата работа ја завршија уште на самиот почеток, поведувајќи со 5-1 и потоа рутински одржувајќи ја предноста до самиот крај.
Македонскиот бек не се запиша меѓу стрелците во ова полуфинале, а најефикасни беа Петерсон со седуми Менсах-Ларсен со шест гола.
Останува да се види дали во финалето ќе проследиме битка на двајца Македонци, со оглед на фактот дека во вториот полуфинален дуел Филип Миркуловски со Вецлар се среќава со Хановер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА