Филип Миркуловски со тимот на Вецлар не успеа да му се придружи на Филип Талески и на Рајн Некар во финалето од Купот на Германија. Рајн Некар Левен за победничкиот пехар во германскиот Куп ќе се бори против тимот на Хановер кој беше поуспешен во полуфиналната пресметка Вецлар со 24-19.
Вецлар одигра катастрофално прво полувреме во кое постигна само четири гола и по првите 30 минути веќе имаше 11 гола негатива (15-4). Во вториот дел тимот на Миркуловски беше многу поефикасен за разлика од шокантното прво полувреме, но сепак недоволно за да се анулира предноста на Хановер.
Каи Хефнер го предводеше Хановер со шест гола, а Јаник колбахер беше прв стрелец кај Вецлар со еден гол помалку. Миркуловски на овој натпревар остана без погодок, со две асистенции.
Во првиот полуфинален дуел, Рајн Некар Левен го победи Магдебург со 31-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА