Барселона и оваа сезона ќе ја заврши со двојна круна во Шпанија, како утеха по неочекуваната елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По обезбедувањето на новата титула во АСОБАЛ лигата, каталонскиот тим по петти пат по ред го освои победничкиот пехар во „Копа дел Реј“. Во финалето на завршницата од Купот што се одигра викендов во Мадрид, Барса славеше против Ла Риоха со 35-28 .
Тимот предводен од Хота Гонзалес, настојуваше да биде достоен противник на Барселона во мечот за титулата, но сепак Ла Риоха беше далеку од евентуално изненадување. По првиот дел Барса имаше предност од 19-17, а својата доминација ја задржа и во второто полувреме и во својата колекција додаде уште една титула.
Раул Ентрериос со осум и Дика Мем со седум гола беа најефикасни кај Барселона. Борко Ристовски на овој меч остана на клупата, а Гонзало Перез де Варгас заврши со 11 одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА