ВИДЕО: Мајстории на Ибраими – Шкендија со пресврт подобра од Осијек

Шкендија дојде до победа од 3-1 (1-1) против хрватскиот прволигаш Осијек во вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Словенија.

На мечот кој се играше во Кумберг, Австрија, хрватскиот тим прв дојде до предност со погодокот уште во 6. минута од средбата. Но, потоа се беше во знакот на македонскиот шампион. По неколкуте шанси во првиот дел следеше израмнувањето преку Изаир Емини во 29. минута од средбата…

Во второто полувреме, Шкендија дојде до предност преку Бесарт Ибраими во 56. минута кој реализираше по една извонредна соло акција, а конечните 3-1 ги постави повторно Ибраими со гол од пенал во 75. минута.

Се вчитува...