Македонскиот вицепрвак Вардар ќе се засили со аргентинскиот фудбалер Николас Херанц. Се работи за дефанзивец кој доаѓа од аргентинскиот клуб Олимпо и од 1 јули и официјално треба да стане нов играч на „црвено-црните“. Трансферот го потврди и Олимпо, најавувајќи дека Херанц е слободен агент и својата кариера ќе ја продолжи во македонскиот клуб Вардар.
Херанц има 24 години и од 2016 година има одиграно десет натпревари за тимот на Олимпо. Тој во младинските категории има настапувано за Розарио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА