Ренова продолжува со засилувањата за новата прволигашка сезона. Тимот од Џепчиште е пред договор со поранешниот фудбалер на Шкупи, Фисник Зука.
22-годишниот Зука, кој игра на дефанзивните позиции, изминатава полусезона настапуваше во редовите на албанскиот прволигаш Фљамуртари Валона. Но, сега на инсистирање на новиот тренер на Ренова, Јетон Беќири е пред враќање во Македонија. Зука во периодот од 2014 до 2018 година настапуваше и за Шкупи.
Претходно „гипсарите“ го ангажираа и крилниот офанзивец Миран Максути, а како потенцијално засилување, како што информира „Инфоспорт“, е и Албан Сулејмани од Партизани Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

