Новиот прволигаш Беласица го одигра вториот пријателски натпревар во текот на летните подготовки. Струмичани на стадионот „Младост“ загубија од Победа со 0-1. Стрелец на погодокот беше Благоја Гешоски. Прилепскиот тим минатата сезона многу често го користеше овој стадион и како домаќин на прволигашките мечеви.
Во петок, составот на Беласица заминува на повеќедневни подготовки на Златибор, Србија. Таму ќе биде реализирана следната фаза од летните подготовки, а планирани се и неколку пријателски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА