Британската сноубордерка Ели Саутер почина на својот 18-ти роденден, соопшти Британскиот олимписки комитет.
Саутер важеше за еден од најголемите британски таленти во овој спорт, освојувајќи и златен медал на Зимскиот олимписки фестивал на младите во 2017 година во турскиот Ерзурум.
„Овој ужасен свет ја зеде мојата сродна душа и најдобра пријателка на нејзиниот 18-ти роденден. Горд сум во каква млада жена се претвори. Ели, ќе ми недостасуваш повеќе од што можеш да замислиш. Почивај во мир, мој мал шампионе“ – напиша на фејсбук нејзиниот татко.
Ели беше избрана и во репрезентацијата на Велика Британија за настап на Светското јуниорско првенство во Нов Зеланд.
„Ели беше многу популарен член на нашиот тим. Нашите мисли се со нејзиното семејство и пријателите во овие тешки моменти“ – истакнаа од Британскиот олимписки комитет.
Засега нема детални информации за причините за смртта на младата сноубордерка, иако се претпоставува дека е самоубиство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА