Златан Ибрахимовиќ изјавил дека е уморен и побарал да биде поштеден за претстојниот ревијален натпревар меѓу МЛС ол-стар тимот и Јувентус на нивната американска турнеја.
МЛС го ослободи Ибрахимовиќ од настапот на овој меч кој ќе се игра за неколку дена со образложение дека искусниот напаѓач во една седмица одиграл три натпревари. Покрај дуелот со Јувентус, Ибрахимовиќ ќе го пропушти и првиот следен натпревар на кој ќе настапи неговиот тим Лос Анџелес галакси.
Од доаѓањето во МЛС лигата, Ибрахимовиќ има одиграно 17 натпревари на кои постигна 15 гола дополнети со четири асистенции. Во просек тој постигнува по еден гол на 83 минути што е извонреден учинок за 36-годишен фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА