Прва лига: Вардар ќе дресира „лавови“, Победа игра на „романтика“

Фудбалските возбудувања во Првата лига денеска со трета епизода од новата сезона. Шампионот Шкендија ќе игра утре, а сите останати мечеви се закажани за 16.30 часот. Вицепрвакот Вардар на арената „Филип Втори“ ќе го пречека новиот прволигаш Македонија ЃП.

Матеј Цветаноски е фудбалерот на Вардар кој потекнува од таборот на „лавовите“.

„Сакаме уште една победа и да ја продолжиме серијата на добри резултати. Меѓутоа против себе имаме сериозен предизвик. Не смееме да ги потцениме, и мислам дека натпреварот против Шкендија кога извлекоа нерешено треба да ни покаже дека ќе играме со добра екипа. Мислам дека кој и да игра ќе даде максимум и дека ќе го добиеме овој натпревар. Сакаме три бода, и се надевам дека ќе ја оствариме оваа цел. Јас ќе играм против мојот поранешен тим, меѓутоа нема тука ништо чудно. Сега сум дел од Вардар и ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот сегашен тим да дојде до триумф на овој меч“, изјави Цветаноски за официјалниот сајт на клубот.

Работнички ќе и гостува на Победа во Битола. Прилепчани немаат пораз во првите две кола, а составот на Ѓоре Јовановски сака да продолжи како што одигра против Силекс.

Кратовци на домашен терен ќе ја пречекаат Ренова, а Академија Пандев ќе биде домаќин на Шкупи.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО (16.30 ч.)

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ

СИЛЕКС – РЕНОВА

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ      

УТРЕ 

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА

 

Се вчитува...