Од трет обид – прва радост за Шкендија во Првата лига

Шкендија дури во третото коло ја забележа својата прва победа во новата прволигашка сезона, откако денеска славеше со 4-1 против екипата на Беласица. Тренерот Ќатип Османи реши да одмори дел од првотимците, па така во стартниот состав ги немаше голманот Захов и најдобриот стрелец Ибраими, како и капитенот Емини, но и без овие фудбалери тетовци рутински стигнаа до бодовите.

А почетокот беше шокантен за домашниот тим, откако голманот Реџепи направи голема грешка при исфрлањето на топката, па Вусљанин со удар од околу 40 метри го лобуваше погодувајќи ја празната мрежа.

Тоа не го исфрли актуелниот шампион од ритам, се редеа напади во шеснаесетникот на струмичани, чиј отпор беше скршен во рок од неколку минути во финишот од првото полувреме. Најпрвин Емини беше прецизен за израмнување на 1-1, за веднаш потоа Жуниор да бие силно под гредата за пресврт и водство од 2-1.

На 3-1 зголеми Емини со својот втор гол, за потоа истиот фудбалер од пенал да го комплетира својот хет-трик за конечни 4-1.

за победничка атмосфера во таборот на Шкендија во пресрет на реваншот против Розенборг во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...