Серена и Трамп очекувано зазедоа спрoтивставени страни во случајот „Најк-Кеперник“

Претедателот на САД, Доналд Трамп, се вклучи во случајот „Најк-Кеперник“ критикувајќи ја компанијата за спортска опрема за потегот да го избере НФЛ играчот за заштитно лице за најновата кампања.

Кеперник е првиот НФЛ играч кој клекна за време на интонирањето на американската химна во знак на протест против расната нееднаквост и против полициската бруталност кон Aфроамериканците.

Трамп застана на страната на оние кои oд вчера палат патики и друга опрема од брендот „Најк“.

Од друга стана, Серена Вилијамс која исто така е дел од одбележувањето на триесетгодишнината на „Најк“ изјави дека го поддржува потегот на компанијата. Таа рече дека „Најк“ го направиле вистинскиот потег и оти го избрале вистинскиот човек за да биде испратена „моќна порака“.

Противниците на кампањата веднаш лансираа хаштаг на Твитер #JustBurnIt кој е одговор на познатиот слоган на Најк, ‘Just Do It’.

Во објавата за новата кампања, од Најк напишаа дека Кепреник е „еден од најинспиративните спортисти во неговата генерација“. Тој е под спонзорство на компанијата од 2017 година.

Сепак поради водечката улога во бојкотот на Афромаериканците во НФЛ, Кеперник остана без клуб.

 

 

Се вчитува...