Фановите на боксот ширум светот имаат причина за возбуденост откако Флојд Мејведер обелодени дека е подготвен за враќање во рингот, и тоа за една последна борба против уште една боксерска легенда, Филипинецот Мани Паквајо.
Мејведер се повлече од боксот откако минатата година славеше на мечот со Конор Мекгрегор, негова 50. победа во кариерата наспроти ниту еден единствен пораз. Сепак, одличната финансиска понуда од организаторите придонесе Американецот да се согласи на камбек, и тоа против ривалот кого во одлична борба го победи со судиска одлука во 2015 година.
„Се враќам да се борам со Мени Паквајо годинава. Уште еден деветцифрена исплата“ – напиша Мејведер на својот инстаграм профил.
Борбата се очекува да се одржи во САД во декември, а точниот датум ќе биде обелоденет во следните десетина дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА