Вида Медиќ и Огњен Стојановиќ победници на Балканското триатлон првенство

Српските триатлонци Огњен Стојановиќ и Вида Медиќ ги освоија балканските титули на триатлон првенството што се одржува во Охрид. Стојановиќ трите делници ги мина за 54.35 минути и триумфираше пред Хрватот, Јакопо Бутурини, кој го освои сребрениот медал и пред Словенецот Матеж Планко кој во својата земја го носи бронзениот медал.

Вида Медиќ забележа резултат од 1:05.28 часа и го остави зад себе турското дуо, Ипек Озтосун која стана сребрена, и Ече Калп која ја освои бронзата.

Трката се бодуваше и за Европскиот куп. И во оваа конкурецијата српските триатлонци беа најдобри. Стојановиќ имаше победничко време пред Пер Сокенсен од Германија и пред Јакопо Бутурини од Хрватска. Во женска конкуренција редоследот беше ист како и подиумот за Балканскиот шампионат.

Единствената македонска претставничка на трката, Калина Пауновска, заврши на последното шестото место. Таа имаше 10 минути послаб резултат од победничката.

Од македонските претставници најдобар резултат имаше Димитар Јовановски кој во конкуренција на деца имаше осми резултат.

Се вчитува...