Македонските репрезентативци Берна Шерифовска и Борче Ангелов загубија уште во првото коло на Европското првенство за јуниор(к)и кое викендов се одржува во Софија, Бугарија.
Шерифовска во категоријата до 57 килограмни беше елиминирана од Етери Липертелиани од Грузија, со која ги одмери силите и на Купот на Европа во Романија во борба што беше изедначена, како и сега.
Ангелов, пак, во катеоријата до 73 килограми, загуби од Германецот Килијан Оч.
На Европското првемство учествуваат 405 натпреварувачи, од кои 217 во машка и 188 во женска конкуренција, од 42 држави, во осум тежински категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА