Одличниот настап на Кире Лазаров на дуелот со Сесон му донесоа на македонскиот репрезентативец место во идеалниот тим на шестото коло во францускиот шампионат. Македонскиот „бомбардер“ беше главна фигура на овој натпревар постигнувајќи девет погодоци, меѓу нив и оној победничкиот со кој на шест секунди до крајот биеше прецизно за конечни 29-28.
Лазаров крај себе во идеалниот тим го има и соиграчот од Нант, Николас Турнат, додека најдобар лев бек е Никола Боши од Истрес. Покрај овие тројца ракометари, место во дрим-тимот има уште и за Кавтичник од Монпелје, Буто од Данкерк, голманот Попеску од Сан Рафаел, како и тандемот на Шамбери, Патурел – Бабарскас.
Нант останува на чело на табелата во францускиот шампионат со шест победи во првите шест одиграни кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА