Филип Талески со Рајн Некар Левен по поразот од Кил, се врати во победнички ритам совладувајќи го тимот на Фуксе Берлин со 28-25, во натпреварот од 10.коло во Бундес лигата.
За „лавовите“ ова е седма победа сезонава со која се искачија на четвртото место на табелата.
Рајн Некар Левен во поголем дел од натпреварот беше во позитива и имаше контрола на играта. По првиот дел домачините имаа водство од 15-11, а потоа во вториот дел на два пати стигнаа и до највисоки +7 (19-12, 20-13). Но, во последната четвртина од мечот, Фуксе Берлин успеа да ја стопат разликата на два гола (23-21).
Во кризните моменти за Рајн Некар Левен, презицен беше Филип Талески за 24-21, а потоа имаше и неколку успешни асистенции. Рајн Некар Левен ја задржа предноста, а токму Талески повторни беше прецизен за 27-24 на три минути пред крај. А, публиката во САП Арена почна да го скандира името на македонскиот репрезентативец кога си својот трет погодок за 28-24 ја завери победата на Рајн Некар Левен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА