Со инцидент пред гостинската соблекувална заврши натпреварот од 15. коло во ПМФЛ меѓу Беласица и Ренова кој заврши со триумф на струмичани од 3-1.
Од редовите на Ренова се незадоволни, како што велат, од неспортскиот однос на домашните кои голот за 2-1 го постигнаа од пенал откако претходно играта била запрена поради повреда на десниот бек на Беласица, Јордан Серафимовски. „Гипсарите“ застанела бидејќи домашниот фудбалер Серафимовски се жалел на повредат, но фудбалерите на Беласица си продолжиле со играта по што бил досуден пеналот кој го реализираше Балдовалиев.
Па по мечот во обид да го расчистат недоразбирањето настанала мешаница пред гостинската соблекувална во која нападнат бил Зоран Балдовалиев. Сето тоа е заведено и во записникот од натпреварот од страна на делегатот Игор Франгоски кој информира дека ќе има дополнителен извештај.
Од ФК Ренова, пак, истакнуваат дека ќе следи жалба од нивна страна до ФФМ за некоректно однесување од домаќинот и за време на натпреварот и по завршувањето на истиот.
Инаку, во сите тие случувања пред вториот погодок од пенал на домашните црвен картон поради неспортско однесување заработи и дефанзивецот на Ренова, Ненад Мишковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА