Борозан застана на нозе по операцијата на коленото

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан по хируршката интервенција заздравува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. По тешката и ретка повреда на коленото, како што информираа од болницата, Борозан веќе застана на нозе и се фотографираше со медицинскиот персонал во болницата кој сесрдно му помага во рехабилитацијата.

Презадоволен сум од доктор Михајло Ивановски, кој заслужено ја доби довербата од играчите на Вардар. Повредата ја детектиравме во август, но одлучивме да издржам до 3 декември, додека трае Лигата на шампионите. Планот беше интервенцијата да ја направам за време на паузата за да можам да се вратам во вториот дел од сезоната, но, сепак, не испадна според зацртаниот план“ – изјави бекот на Вардар.

На Вуко Борозан сега му претстои рехабилитација од два до три месеци.

Се вчитува...