Мбапе остана дома, нема да игра со Барса

Килијан Мбапе нема да може да настапи за Реал Мадрид на вечерашното Ел Класико, откако францускиот голгетер воопшто не се најде на списокот на тренерот Арбелоа за патници за каталонската престолнина.

Мбапе го навлече бесот фотографирајќи се на одмор во Италија додека беше повреден, пред неколку дена се врати назад во Мадрид, почна со тренинзи, но во консултации со лекарскиот тим било проценето дека ризикот од нова повреда е преголем, па тој воопшто не отпатува со остатокот на тимот.

Реал ќе биде преполовен на овој натпревар, ако се знае дека покрај Мбапе на долгата листа отсутни фудбалери се наоѓаат уште и: Валверде, Гулер, Менди, Милитао, Родриго, Карвахал и Себалјос.

Добра вест е што на голот ќе биде Тибо Куртоа, а Арбелоа речиси сигурно ќе стартува со Чуамени во средниот ред, без оглед на огромниот инцидент во кој францускиот репрезентативец беше вклучен по конфликтот со Валверде.

Се вчитува...