РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-1)
П. Петковски 29′, 90’+1, Мишевски 31′(аг), Ф. Петковски 55′, Херера 81′ – Адеми 70′
Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (1-1)
Стојановски 39′ – Костов 27′
Турново: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-2)
Бејтулаи 74′, Емини 88′
Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА (1-0)
Типуриќ 90’+4
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР (0-1)
Мицевски 10′(п)
======================================================================================
- КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 16. КОЛО ВО ПМФЛ!
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-1)
5-1 – 90’+1 – ГОООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Убав погодок на Петар Петковски кој прецизно стрела од 15 метри откосо од десната страна
- Крај на мечот во Тетово. Реми на Ренова и Академија Пандев
ШКУПИ – БЕЛАСИЦА (1-0)
1-0 – 90’+4 – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со голот на Тони Типуриќ во четвртата минута од судиското продолжение Шкупи води со Беласица

- КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТУРНОВО. Триумф на Шкендија од 0-2 против Победа!
РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (1-1)
!!! – 87′ – Втор жолт картон и исклучување за Томислав Илиев кај Академија Пандев
ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-2)
0-2 – 88′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Мурати центрираше од десната страна, а Емини од петерецот погоди во мрежата
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)
4-1 – 81′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Прекрасно изведен слободен удар и погодок на Херера со шут од 30 метри!

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-1)
0-1 – 74′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По корнерот од левата страна, Егзон Бејтулаи се снајде најдобро и со удар со глава ја погоди мрежата на Победа
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)
3-1 – 70′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Вистинска „бомба“ од 20 метри на Илирид Адеми кој стрела ниско по земја во долниот десен агол од голот на Божиновски
ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-0)
64′ – Без посериозни возбудувања на дуелот во Турново. Шкендија се обидува да дојде до погодок, но нема некои сериозни шанси
СИЛЕКС – ВАРДАР (0-1)
60′ – Убав шут на Лира од околу 20 метри, но добра одбрана на домашниот голман
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)
3-0 – 55′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Шаркоски од десната страна врати во срцето на шеснаесетникот, а Филип Петковски со удар од прва ја погоди мрежата на гостите

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)
48’ – Петар Петковски шутира со глава, Димовски одбрани
- Почеток на второто полувреме….
КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ! Само Работнички и Вардар со предност по првиот дел!
РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (1-1)
1-1 – 39′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Влатко Стојановски погодува за Ренова, за израмнување во Тетово
СИЛЕКС – ВАРДАР (0-1)
!!! – 32′ – Сомнителна ситуација во Кратово. Бобан Георгиев постигнува гол за домашните. Судијата покажува кон центарот, но набрзо потоа по реакција на помошникот погодокот е поништен поради офсајд позиција!
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)
2-0 – 31′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По центаршутот од десната страна, Филип Мишевски си постигна автогол

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)
1-0 – 29′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Петковски шутираше од 25 метри, топката удри во еден противнички играч и го лобуваше голманот Димовски
РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (0-1)
0-1 – 27′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Со погодокот на Стефан Костов, „пандевци“ со предност во Тетово
СИЛЕКС – ВАРДАР (0-1)
!!! – 23′ – Страшни сцени во Кратово. При судир на Филип Најдовски од Вардар со домашниот офанзивец Мбела, дефанзивецот на Вардар падна во бесознание пред својот гол. Веднаш дотрчаа соиграчите и лекарските служби на стадионот. За среќа по кратко Најдовски се подигна. Доби лекарска интервенција и ја продолжи играта!
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
13’ – Робсон Да Силва шутира од далечина, Божиновски одбрани

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
9’ – Пеев нафрли од десната страна, Филип Петковски шутира, но за малку крај голот на Македонија ЃП
ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-0)
9′ – 100% шанса за Победа. Мандиќ шутира откосо од десеттина метри, но дирекот ја спасува Шкендија
СИЛЕКС – ВАРДАР (0-1)
0-1 – 10′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Оправдано досуден пенал за гостите по играта со рака на домашен фудбалер во шеснаесетникот. Сигурен реализатор од 11 метри, Дарко Мицевски
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
6′ – Прва шанса на мечот, Тантуровски во добар напад шутира кон голот на домашните но брани Божиновски
- Без посериозни шанси и на останатите четири натпревари по првите седум минути игра

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)
7′ – Мирен почеток на дуелот во Кратово, без возбудувања на двете страни
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 16. КОЛО ВО ПМФЛ…
- Работнички посакува продолжување на победите. По онаа против Вардар сега на ред е нова скопска пресметка, против Македонија ЃП

- Вардар со речиси еднаков состав како и пред три дена против Работнички ќе му се спротистави на Силекс во Кратово

======================================================================================
Во 16. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига… Шкендија гостува на Победа на мечот во Турново, додека Вардар, пак, ќе биде гостин на Силекс во Кратово.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

