Работнички го промовираше новиот спонзор: „Сеавус“ – за европски дострели (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалскиот клуб Работнички синоќа организираше пригодна свеченост да го претстави и поздрави новиот спонзор, компанијата „Сеавус“.

„Се радуваме што оваа моќна и успешна компанија одлучи да вложува во фудбалот, а особено ни е драго што го препозна брендот и реномето на Работнички. Веруваме дека овој докажан бренд во бизнисот ќе има значајна улога во растот на клубот во сите сегменти. Со оваа поддршка се надеваме ќе ја реализираме нашата примарна цел – достигнување на европските вредности, стандарди и квалитет“, велат „романтичарите“.

 

Се вчитува...