Шкендија продолжува да ги задржува своите клучни фудбалери, па актуелниот првак денеска потпиша нов договор со Енур Тотре. Овој 22-годишен играч за врска израсна од младинската школа на тетовци, сезонава е стандарден во тимот на тренерот Османи, а со новиот потпишан договор Тотре ќе остане дел од Шкендија најмалку до јуни 2021 година.
„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Шкендија. Јас сум во клубот во кој израснав, каде ми беше дадена шанса да станам дел од првиот тим. Ова е прекрасен ден за мене, мило ми е што разговорите финишираа и сега можам да се насочам кон следните успеси“ – изјави Тотре по потписот на договорот.
Иако има само 22 години, Тотре зад себе веќе има 107 настапи во дресот на Шкендија, при што успеа да постигне и два погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА