Јане Николоски на кормилото на Победа

Јане Николоски од денеска е нов тренер на Победа, откако поранешниот македонски репрезентативец ги договори условите за да застане на кормилото на прилепскиот прволигаш. Николоски доаѓа на оваа функција на местото на Тони Мегленски, кој не издржа до крајот на првиот дел од сезоната откако управата на клубот се реши за ангажман на нов стратег по серијата од четири порази во Првата лига.

Победа во претходните четири кола загуби од Вардар, Шкендија, Академија Пандев и од Ренова, порази што придонесоа прилепскиот клуб од битка за висок пласман да падне на делба на осмата позиција, со само два бода предност во однос на „фенерџијата“ Силекс.

Самото именување на Николоски не е големо изненадување ако се знае дека поранешниот голман во последните месеци беше директор во прилепскиот клуб. За него ова ќе биде враќање на тренерскиот занает, каде претходно во Првата лига ја водеше екипата на Хоризонт Турново.

Се вчитува...