Најверните вардарови навивачи „Комитите“ на натпреварот против Академија Пандев во Турново искажаа почит и за еден од најголемите македонски драматурзи во историјата, Горан Стефановски кој неодамна почина во Англија.
Истакнувајќи ја неговата добро позната мисла „Слободата ќе дојде кога ние ќе го надминеме стравот“, вардаровите навивачи, како што рекоа, испратија и повик за почит на сите Македонци кои оставиле силна трага во нашата историја, без разлика дали во уметноста, културата, спортот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА