Беласица ја прекина соработката со тренерот Живковиќ

Струмичка Беласица во пролетниот дел од сезоната ќе биде со нов шеф на стручен штаб откако денеска раководството на клубот се одлучи да ја прекине соработката со Марјан Живковиќ.

„По денешниот пораз и слабите резултати во текот на првиот дел од сезоната, раководството на ФК Беласица одлучи да ја прекине соработката со шефот на стручниот штаб, Марјан Живковиќ“ – се вели во краткото соопштение од Беласица.

Во последното коло од есенската полусезона Беласица денеска загуби со 1-0 на гостувањето против Силекс, на тој начин завршувајќи на последната позиција по првиот дел во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...