Ангола убедливо загуби од Шведска со 37-19 со што и овозможи на скандинавската селекција пласман понатаму на Светското првенство во Германија и во Данска.
Но, наградата за ѕвезда на вечерта сепак отиде кај ракометар на Ангола.
Едвалдо Фереира го изведе еден од „најлудите“ седмерци во историјата на професионалниот ракомет. Застана на линијата од седум метри и ја упати топката на волшебен начин која иако споро заврши зад грбот на противничкиот голман.
Фереира инаку е еден од подобрите изведувачи на пенали на СП 2019. Досега има постигнато девет гола од десет обиди од пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА