Червар збесна: Ме боли к…., ова е борба за живот!

Хрватска неочекувано загуби од Бразил со 26-29 во првиот свој натпревар од втората фаза на Мундијалот 2019, што сосема очекува го збесна селекторот на „коцкестите“, Лино Червар.

Во еден момент на мечот Червар повика тајм-аут и тотално ги загуби нервите…

„Ме боли к…., ова е борба за живот! Борба за живот“ – викаше Червар на своите ракометари, обидувајќи се да ги мотивира.

Но, не успеа да ги мотивира до крајот на мечот. Бразилците во еден момент потоа имаа предност и од шест гола разлика, за да на крајот триумфираат со три погодоци.

Се вчитува...