Репрезентација на Шпанија ја забележа првата победа во главната групна фаза на Светското ракометно првенство. Европскиот шампион го победи Бразил со 36-24 во вториот натпревар од главниот дел. Со ова Шпанците доаѓаат на четири бода во оваа конкурнеција во која сепак главни фаворити за двете места кои што водат во полуфиналето се селекциите на Франција и на Германија. Германците вечерва се соочуваат со Хрватска.
Во натпреварот во кој Шпанија постојано беше во предност и ја имаше комплетната контрола, најдобар стрелец беше Соле со шест гола.
Во другата група, репрезентацијата на Норвешка ги задржа шансите за пласман во полуфиналето благодарение на денешната победа над Шведска со 30-27. Норвежаните сега имаат шест бода, идентично со денешниот противник и со Данска, но оваа селекција вечерва се соочува со Египет.
Норвежаните на полувремето водеа со 17-14, а иако беше неизвесно, успеаја да ја задржат предноста до крај. Јоендал беше стрелец на осум гола, веднаш до него и Сагосен со седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА