Ракометната репрезентација на Хрватска загуби (21-22) во драматичен натпревар од Германија во „Ланксес арена“ во Келн, и си ги загрози шансите и за настап на ОИ. Полуфиналето е веќе невозможна мисија, се пласираа Франција и Германија, а селекторот Лино Червар „удри“ по судиите и по ИХФ.
„Ова не смее да се случува. Видовте како победија Германците. Мислам, ова не е прифатливо. Судиите немаат морал, треба да ги затворат. Играме за настап на Олимписки игри, а тие ја рушат олимписката повелба. Морам да им честитам на момците, одиграа на високо ниво, иако загубивме. Мислам дека Хрватска заслужи да победи“, изјави Лино Червар.
Данските судии во финишот од натпреварот, при најголема неизвесност, не досудија очигледен седмерец за Хрватска. „Коцкестите“ имаа водство од 21-20, но примија два гола во низа и го загубија натпреварот со Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА