Лино Червар би можел да биде казнет од страна на ИХФ за критиките упатени на адреса на судиите по синоќешниот дуел со Германија, но хрватскиот селектор останува на ставот дека Хрватска ќе победела доколку имала фер-арбитража.
„Па јас никого на навредував, само сум човек кој е 45 години во ракометатот, како тренер кој е најтрофеен на ова СП го кажав своето мислење. Зарем немам право на тоа… ако сакаат нека ме казнат, но зошто тогаш сите ми се извинуваат. Селекторот на Исланд, поранешниот шпански ас Икер Ромеро… сите денеска во хотелот ми пријдоа шокирани од она што се случи. За тоа се свесни и Германците, кои и самите ни се извинуваат, свесни дека на нефер начин стигнаа до победата за полуфинале“ – изјави Червар за хрватскиот портал „24 Сата“.
Искусниот стратег се потсети и на случата од пред девет години, кога заработи црвен картон.
„На ЕВРО 2010 излегов на центар и добив црвен картон. Еден месец подоцна ме поканија на прослава на роденден на ЕХФ и ги прашав зошто не ме казниле – ми одговорија дека сме биле ограбени“ – вели Лино Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА