Најдобрата душа во ракометот: Мирхол им се извини на Германците зошто јадеше ќотек од нив…

Бјарте Мирхол беше еден од клучните играчи на Норвешка во извонредниот триумф над Германија, во кој искусниот пивот уште еднаш ги покажа не само големите ракометни, туку и човечки квалитети.

Имено, тој на полувремето заминал во соблекувалната на противникот зa да му се извини на противничкиот играч Патрик Винцек за бројните дуели што ги имале во текот на првите 30 минути. Мирхол го извлече подебелиот крај од овие дуели јадејќи ќотек од Винцек, кој важи за еден од најгрубите светски ракометари, но Норвежанецот сепак решил да се извини.

„Имавме дуели, па и малку се каравме, а Винчек доби и исклучување. Само влегов во соблекувална и му реков извини, сега да продолжиме со борбата“ – открива Мирхол.

Германскиот репрезентативец и самиот бил изненаден од случката.

„Тој го извлече подебелиот крај од дуелот, а дојде за да ми се извини на мене. Не можев да поверувам, зборуваме за најдобрата душа во светот на ракометот“ – истакна 29-годишниот Винцек.

Се вчитува...