Хрватскиот шампион Загреб потврди дека е превисока пречка за Металург и на домашен терен, славеше на гостувањето во Скопје во дуелот од 14. коло во СЕХА лигата со 36-24 и не му дозволи на македонскиот вицепрвак да има успешен почеток на натпреварувачката година.
Металург имаше сила само за половина полувреме против Загреб, беше конкурентен до 8-8 по што со серија од 4-0, хрватскиот состав се одлепи и потоа до крајот од полувремето додјде до максималните шест гола дистанца. На полувремето имаше пет гола предност (10-15).
Второто полувреме беше уште полошо за тимот на Данило Брестовац, до 45 минута, Загреб достигна и двоцифрена предност (15-25) и веќе новиот тренер Бранко Тамше кој имаше победничко деби на клупата им даде можност на ракометарите кои не му се прв избор.
Филип Арсеновски со шест гола беше прв стрелец кај Металург, Токиќ, Шпенде, Маџовски и Рибеиро постигнаа по 4 погодоци.
Металург сега има 11 порази, две победи и еден нерешен исход и со овој ефект останува претпоследен натабалета во регионалното натпреварување. За Загреб ова е 12 победа сезонава, има и два пораза, биланс со кој продолжува со идентичен биланс како и Вардар на врвот на табелата.
М. Апостолоска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА