Ракометарите на Металург низ супер-финиш стигнаа до пресврт победа од 26-28 (12-11) на гостувањето против Стеауа во Букурешт во 15-от свој натпревар во СЕХА лигата.
„Металурзите“ иако постојано беа во негатива главно низ текот на целиот натпревар до победата дојдоа благодарение на одличните последни четири минути од натпреварот. Во 56. минута, Металург имаше негатива од 25-23 но потоа со одлична серија од 1-5 сосема заслужено стигна до победата. Танкоски, Шилего, Серафимов и Лазаревски беа стрелци на последните четири погодоци за македонскиот состав за трета победа во регионалното натпреварување.
Извонреден во тимот на Металург беше Марио Танкоски со девет гола од 12 обиди, а по четири погодоци запишаа Пучник и Мице Шилегов. Мартин Серафимов и Бојан Маџовски натпреварот го завршија со по три гола. Дупјачанец на голот имаше 13 одбрани од 39 шута на противникот.
По оваа победа Металург со 10 бода сега е израмнет со нишки Железничар на претпоследната позиција на табелата, пред Извиџач кој е последен со само 4 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА