Вардар неочекувано загуби со 30-32 од Брест Мешков во рамките од СЕХА-лигата, натпревар на кој „црвено-црните“ во неизвесна завршница примија два гола во последната минута и му овозможија на гостинот од Белорусија да се радува на значајни бодови. „Црвено-црните“ со овој пораз си ја компликуваат трката за првото место, додека бодовите се „златни“ за Брест Мешков во трката за четвртото место и учество на фајналфор турнирот од регионалното натпреварување.
„Црвено-црните“ имаа почетно водство од 1-0 и 2-1, за потоа гостите од Белорусија да направат пресврт и да го контролираат резултатот. Брест Мешков во неколку ситуации имаше предност од три гола (5-8, 7-10, 10-14), а благодарение на одличниот Ѓорѓиќ (пет погодоци во првото полувреме) на одмор се замина со водство на Белорусите од 15-17, по погодокот на Криштопанс во последната минута од полувремето.
Брест уште десетина минути од второто полувреме ја одржуваше предноста во однос на Вардар, за македонскиот првак да влезе во ритам по 40. минута, набрзина да направи пресврт и со головите на Криштопанс и на Скубе да поведе со 25-24. Каденас побара тајмаут, Скубе набрзина постигна уште два погодоци, но Брест Мешков се врати и на десет минути до крајот израмни на 27-27. „Вардарци“ имаа предност од 29-28, резултат при кој не реализираа два напади, по што Брест Мешков даде два гла во серија и поведе со 29-30 на две минути до крајот. Карачиќ изнуди пенал и исклучување, Чупиќ беше прецизен од седум метри, но потоа Дибиров беше несмасен во одбраната, па Ѓукиќ биеше прецизно за 30-31 на половина минута до крајот. Вардар имаше напад за реми, но Криштопанс му ја подари топката во раце на Ѓукиќ, а српското крило од својата половина ги постави конечните 30-32.
Скубе и Дибиров постигнаа по шест погодоци за „црвено-црните“, Милосављев имаше седум интервенции на голот на „вардарци“, додека во таборот на Брест најефикасни беа Ѓорѓиќ со осум и Ивиќ со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА