Хансен и Неагу се „број 1“ за 2018 година

Микел Хансен и Кристина Неагу се лауреатите на годишните награди за најдобрите светски ракометари за 2018, објави денеска ИХФ.

Изборот на Данецот за најдобар во машка конкуренција е сосема логичен ако се знае дека Хансен има зад себе извонредна година и на клупски и на репрезентативен план. Ова е трет пат тој да се закити со големото признание, израмнувајќи се со тимскиот соиграч Никола Карабатиќ како најтрофеен ракометар кога станува збор за наградите од ИХФ.

Кристина Неагу стана првата ракометарка што стигнала до четири награди од ИХФ, откако претходно се закити со истото признание и во 2010, 2015 и во 2016 година. Таа постигна дури 110 погодоци во Лигата на шампионите минатата сезона, а поради тешка повреда на коленото нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава.

Се вчитува...