По лошиот старт на пролетната сезона, Вардар од последните четири првенствени дуели извлече 10 бода. Извонреден ефект на тимот на Александар Васоски кој пред три дена го доби и градското дерби против Работнички.
Сега, „црвено-црните“ во 25. коло во Скопје го пречекуваат Силекс, повторно со апетит за нови три бода. Васоски поради суспензијата по исклучувањето на мечот со Шкупи повторно ќе мора натпреварот да го следи од трибините, но верува дека фудбалерите ќе одиграат нов квалитетен натпревар за триумф…
„Секако дека по претходните победи зголемена е самодовербата кај фудбалерите. Тоа ни дава мотив плус за секој следен натпревар. Верувам дека играчите на исто ниво ќе одиграат и против Силекс повторно водени од желбата за победа“ – вели Васоски пред денешниот натпревар.
Натпреварот меѓу Вардар и Силекс се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Жарко Тодороски од Охрид и Симон Грданоски од Струга.
ПМФЛ – 25. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
СКОПЈЕ: Македонија ЃП – Работнички
ТЕТОВО: Шкендија – Победа
СКОПЈЕ: Вардар – Силекс
ТУРНОВО: Академија Пандев – Ренова
СТРУМИЦА: Беласица – Шкупи
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА