ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Вуко Борозан нема да му помогне на тимот на Вaрдар на претстојниот фајналфор турнир од СЕХА-лигата, откако црногорскиот бек воопшто не отпатува со експедицијата на македонскиот првак во Белорусија. „Бомбардерот“ одигра петнаесетина минути на последниот меч од ЛШ против Загреб и се очекуваше да има уште поголема минутажа во Брест, но дефинитивно нема да му биде на располагање на тренерот Парондо за натпреварите во следните два дена.
„Вардарци“ тврдат дека станува збор за планирано отсуство, за тој максимално подготвен да влезе во двомечот во ЛШ против Пик Сегед, но дел од информациите тврдат дека Борозан веќе го има договорено своето заминување од Вардар, што е причина за неговото продолжено отсуство по операцијата кон крајот на минатата година.
„Црвено-црните“ сепак ќе бидат добро покриени на позицијата лев бек, каде покрај Дисингер ќе го имаат и Горбок, а по потреба на оваа позиција може добро да одигра и плејмејкерот Игор Карачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА