ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Загреб го обезбеди третото финале во СЕХА лигата и ќе се бори за втората титула во регионалното натпреварување откако во полуфиналниот дуел на Ф4 турнирот во Брест го победи Нексе со 28-23. За противик во битката за трофејот Загреб ќе го чека подобриот од дуелот меѓу бранителот на тронот, Вардар и домаќинот Мешков. Нексе во дебитантскиот настап меѓу најдобрите четири во СЕХА ќе се бори за третата позиција.
Загреб уште од стартот не дозволи дилеми околу конечниот победник на средбата, поведе со 3-0 и со 4-1, а потоа во најголем дел од првата половина од полувремето ја одржуваше оваа разлика. По 20-та минута достигна и највисоки плус четири, а оваа предност ја имаше и на паузата (15-11).
И во вториот дел, Нексе не успеваше вистински да парира, намалуваше само на два негатива, но тоа беше максимумот од вотриот хрватски состав. Во завршните 10 минути, Загреб влезе и со максимлани до тој момент пет голa предност. Финишот беше само потврда на пласманот на Загреб во финалето.
Дамир Бучаниќ со седум гола беше прв стрелец во победничкиот тим, Алекс Влах постигна шест гола. Марко Бувиниќ постигна седум гол за Нексе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА