ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Вардар ќе игра во третотo последовно финале во СЕХА лигата и ќе се обиде да направи хет-трик триумфи во регионалното натпреварување. Тренерот Парондо смета дека неговите ракометари заслужено се во финалето по тешката победа над Бресt во полуфиналниот дуел.
„Беше тежок натпревар, исполнет со интензитет, зневме дека мораме да играме најдобро 60 минути, тие не се предадоа и многу сме среќни што победивме. Игравме многу натпревари со Загреб, утре е последниот, се надевам дека ќе забележиме победа повторно“ – вели Парондо по полуфиналниот триумф.
И минатата година Вардар до титулата дојде со финален триумф над Загреб на Ф4 турнирот што се одржа во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА